| четврток, 6 декември 2018 |

Монпелје стигна до првиот бод во Лигата на Шампионите

Монпелје и по шестото коло и натаму е без победа во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата никако да излезе од кризата, а вечерва на гостувањето кај Кристијанштад пропушти голема шанса за триумф, на крајот мораше да се задоволи со бод (29-29).

Францускиот тим на полувремето водеше со 12-17, но ниту тоа не беше доволно. Во самиот финиш се чинеше е на прагот на голема радост, но Нилсен погоди за реми.

И по овој меч двата тима останаа на дното на табелата во групата А со по еден бод. Шестото коло ќе биде комплетирано утре, во центарот на вниманието се мечевите меѓу Барселона – Келце и ПСЖ – Пик Сегед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top