| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев: Дара Бубамара е турбофолк прасе

Познатиот пејач Владо Георгиев „удри“ по колешката Дара Бубамара откако таа во емисијата „Ексклузивно“ изнесе што мисли за него.

Горда сум на соработката со сите, освен на Георгиев кој е смрдеш од човек. Тој беше еден обичен тонец во студио кај Кона и Копац и нека е среќен што воопшто добил прилика да работи со ѕвезда како мене. И тогаш едвај дочека да дојде во емисија и да плука за мене и да се срами што работел со мене, вели Дара во емисијата „Ексклузивно“.

Сега се огласи и Владо на социјалните мрежи, не сакајќи да и остане должен на Дара, па и тој не се воздржа од навреди кон пејачката.

Дара Бубамара е прасе. Малку безобразно прасе. Турбофолк прасе. Полн ми е куферот од овие „задругари“ и лошотии кои пораснаа во 90-тите, а живеат во ова скандалозно братство, напиша Владо на Твитер, но тоа не му беше доста, па уште еднаш напиша:

Океј Дара Бубамара е едно обично лажливо прасе. И смрди на пот. Океј?, дополни Георгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top