| четврток, 6 декември 2018 |

Рашфорд херој на Јунајтед во победата над Бурнмаут

Екипата на Манчестер Jунајтед со многу среќа обезбеди нови три бода откако „црвените ѓаволи“ славеа со 1-2 на гостувањето против Бурнмаут. Тимот на Жозе Мурињо беше во негатива од еден гол, но благодарение на Марсијал и на Рашфорд стигна до важна победа пред гостувањето кај Јувентус.

Мечот почна одлично за Бурнмаут, домаќините целосно доминираа од самиот почеток и заслужено поведоа преку Вилсон. Алексис Санчез се врати во стартнит тим за оваа средба и остави свој печат асистирајќи при израмнувачкиот погодок на Марсијал, кој четврти меч во низа се запиша меѓу стрелците.

Маркус Рашфорд не реализираше зицер кон средината на второто полувреме откако Ешли Јанг ја погоди гредата, но англискиот ас беше на висина на задачата во судиското продолжение, кога погоди во последен час, сместувајќи ја топката зад грбот на Беговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top