| четврток, 6 декември 2018 |

Верати уапсен за возење во пијана состојба

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Верати бил уапсен во вторникот вечерта поради возење во пијана состојба, тврди „Екип“.

Според весникот, нивото на алкохол во крвта на 25-годишниот Италијанец било двапати повисоко од дозволеното.

Играчот од средниот ред минил во полициска станица неколку часа по приведувањето. Тој, најверојатно, ќе биде казнет со одземање на возачката дозвола за подолг временски период.
На социјалните мрежи се појави и фотографија на фудбалерот од локалот, во кој тој конзумирал алкохол.
Во оваа сезона во Лига 1, Верати одигра 10 натпревари за ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top