| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Авиолинијата Атина – Скопје го означува затоплувањето на односите

Привилегија ми е да бидам првиот патник на возобновената линија меѓу Атина и Скопје која на најдобар можен начин го означува затоплувањето на односите на овие две соседни држави на ниво на стратешко партнерство. Ова ќе овозможи практична корист меѓу луѓето, меѓутоа и во подобрувњато на бизнисот и конекциите, што е главна цел на сите овие политики на затоплување на односите што ги правиме, истакна вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по првиот лет на обновената линија Скопје-Атина.

На Скопскиот аеродром денеска, по пауза од над 10 години, повторно слета авион од Атина во Скопје.

На новинарското прашање на што се заснова неговиот оптимизам во однос на договорот со Грција, тој одговори дека се заснова на фактот што за првото гласање биле потребни 10 дена, а како што кажа, ние искористивме пет дена. Врз основа на тоа, посочи Османи, и правење на некаква калкулација за можна оптимистичка варијанта доколку не се искористат сите денови кои се пропишани како максимални, претпоставката и оптимистичката варијанта е дека е можно да се заокружи процесот до Нова година.

– Ние влегуваме во нормални води на имплементација на договорот и очекуваме дека поддршката ќе биде уште поголема, бидејќи менталната бариера во однос на овој договор е прекршена и се повеќе граѓаните масовно го прифаќаат самиот договор и самото решение, потенцираше Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top