| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Врз Груевски се води видлив политички прогон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата Алсат -М, на прашањето дали имал средба со почесниот претседател на партијата Никола Груевски, одговори дека имале неколкучасовна средба пред неколку дена.

-Разговаравме за ова што му се случува, за политичкиот прогон на кој е изложен. Разговаравме за неговата иднина, бидејќи јас како актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тој како почесен претседател, не само што имаме заедничка тема за партиското функционирање, туку и за личните моменти во целокупната работа, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа и дека иако подолго време немале комуникација, најавил во едно интервју дека сака да се сретне со Груевски, бидејќи сакал да ги види сите детали што се поврзани со политичкиот прогон врз Груевски.

-Разговараме и за политиките во изминатиот период.

На прашањето дали се уште смета дека врз Груевски се врши политички прогон и тој не треба да оди в затвор, Мицкоски одговори:

-Ако човекот кој се возеше во мерцедесот во кој се возеа Х луѓе во државата, вклучително и од оваа влада, а притоа помпезно целата тогашна опозиција зборуваше за милијарди, а сега е обвинет за нематеријална штета, односно ползувал нематеријален бенефит, одвреме-навреме зе возел во мерцедесот, и за тоа да добие 2 години затвор, а протоа нема материјална штета и никаде ги нема милијардите изнесени од државата….

За другите дела за кои е обвинет поранешниот премиер Мицкоски не сакаше да коментира бидејќи, како што рече, се уште се во процедура.

-Следно дело се „Шамари“, кои никогаш не се случиле, следно дело во процедура е „Траекторија“, каде што повторно нема материјална штета, туку повторно е обвинет дека реализирајќи ги тие проекти, стекнал доверба кај граѓаните и победил на следните парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top