
Ги потенциравме нашите барања и генерално го усоглаисвме текстот на амандманите. Се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието, изјави пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по средбата со премиерот Зоран Заев за уставните амандмани, која се оддржа во Собранието, јавува Плусинфо.
Тој повтори дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.
– Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото, рече Мукоски.
И тој како и премиерот Заев повтори дека постојат два начини нивните барања да се инкорпорираат, или тие да бидат вметнати во владините амандмани или пратениците да поднеста амандмани на амандманите на Владата.
– Добивме гаранции дека Владата ќе ги прифати нашите амандмани, рече Мукоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


