| четврток, 6 декември 2018 |

Не ја пуштилe да влезе: Бесна девојка ноќеска го нападнала обезбедувањето пред скопска дискотека

Ноќеска околу 01.00 часот, во Полициската станица Карпош, С.А. (35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми Септември“, пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.

Тој не и дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top