Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.С. (41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во 09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А..
И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата е негов и дека тој е автор на објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст