| четврток, 6 декември 2018 |

Со јајца фрлале по домот на кавадарчанец

 Фасада од куќа во Кавадарци, вчера била оштетена од непознати лица кои фрлале со јајца, инцидентот за МИА го потврди портпарол на СВР Велес Верољуб Додевски.
– Синоќа во 21 часот во Полициската станица од општа надлежност  Кавадарци, 69 годишниот О.Рпријавил  дека од страна на непознати лица, со јајца било фрлано на предната страна од  неговата куќа, со што е предизвикано оштетување на фасадата, рече Додевски. 
Тој рече дека не може да даде повеќе детали за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top