| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Велевска се почести со луксузен подарок за роденден (фото)

Македонската фолк-пејачка Елена Велевска во последно време постојано е мета на медиумите, поради турбуленциите во нејзиниот брак.

Пејачката прво објави дека се разведува од својот сопруг поради семејно насилство, а набрзо потоа тие јавно соопштија дека одлучиле да ѝ дадат уште една жанса на љубовта и да не се разведуваат. Велевска го прослави својот 38. роденден, а по тој повод одлучи да се почести со нов автомобил „mercedes cla 200d“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top