| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на Лука Кржалоски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски даде неотповиклива оставка од функцијата, а оставката ја образложи на неговиот профил.

  • Покрај тоа што моменталното раководство имаше речиси цела година да излезе со стратегија за горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе пројде до промена на курсот. Дополнително, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во пошиокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската народна партија (ЕПП). А друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство –  пишува Кржалоски.

Кржалоски беше избран за претседател на УМС во март годинава, на предлог на актуелниот Централен комитет на партијата.

Во текот на вчерашниот ден оставки поднесоа и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска, а од функцијата се повлече и досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top