| четврток, 6 декември 2018 |

Командант Малишева: Минатата ноќ, малку фалеше да падне крв до гуша во затворот Идризово

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Синоќа, околу 22:20 часот посебни специјални сили на непознати единици без амблем, влегоа во павилјонот во кој сме сместени ние провоцирајќи конфликт на етничка основа, ние сме свесни и воздржани, но тие со сите сили се обидоа да ни го отстранат националното знаме, наводно имале наредба, знамето не беше отстранетo затоа што резистиравме до тој степен што требаше да се пролее крв до гуша.

Треба да знааат сите дека тука безбедност нема, треба да знаат сите дека тука се уште нема слобода на изразување и не се дозволува знамето да се користи или да се става во нашите соби. Сакаме да знаете дека ако уште еднаш провоцираат врз етничка или верска основа ние нема да преземаме одговорност за последиците. Речиси четири години сме во затвор и не сме направиле проблеми и не сакаме такво нешто, но од денес нема да ја трпиме психолошката тортура.

На овие им смета љубовта кон татковината, но тие не можат да ни ја одземат, ние сме и ќе бидеме УЧК со срца. Ве замолувам да го споделите и електронските медиуми да ја објават оваа изјава од нас.

Командант Малишева

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top