Како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, медиумите воглавно се сомневаат во официјалната верзија на албанскта полиција, дека тој прв почнал да пука кон полицијаците, кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено во селото Буларат, кое се наоѓа во близина на албанско-грчката граница.
Локалното население за тамошните медиуми коментира дека тој не требало да биде убиен, туку уапсен, а грчките медиуми коментираат и дека властите во Албанија се уште не објавиле видео снимка од инцидентот, која би одговорила на многу прашања.
За локалните грчки здруженија пак убиството на Кацифас дефинитивно е „ладнокрвно“. Од здружението Омнија, политичко и културно здружение, кое ги застапува правата на грчкото малцинство во Албанија ја обвинија албанската полиција за „ладнокрвно“ убиство и посочуваат дека полицијата не ги искористила сите средства за да тој биде
уапсен, а не убиен.
Кацифас според официјалната верзија на албанската полиција е убиен со два куршуми во градите, што за грчките медиуми и локалното население во овој дел на Албанија, каде живеат поголем број на етнички Грци, е уште една потврда дека тој е „ладнокрвно“ убиен.
Пријател на Кацифас, Пателис Папистас, за телевизијата Антена1 вели дека траги од крв биле пронајдени на ридовите околу селото, на растојание од 60 до 70 метри.
„Ова јасно укажува дека тој бил влечен до местото каде конечно бил „ладнокрвно“ убиен“, вели Папистас, кој вели дека неговиот пријател не бил луд, како што изјави албанскиот премиер Еди Рама и дека Кацифас бил и дел од протестите за името Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст