| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар во Брест го доживеа најтешкиот СЕХА-пораз во историјата

Македонскиот ракометен првак Вардар во подмладен состав замина на меч од СЕХА-лигата кај Мешков Брест. Таму го запиша најтешкиот пораз во регионалното натпреварување во својата историја (35-20).

Вардарци кои во тимот од првотимците ги имаа само Недановски, Поповски, Војводиќ и Калифа, а останатите беа членови на Вардар Јуниор, немаа сила да се носат со далеку поквалитетниот противник.

Најдобар стрелец кај Брест Мешков беше Симон Разгор со шест гола, додека Максим Баранау беше стрелец на пет гола, а кај Вардар, Јања Војводиќ даде пет гола, додека Поповски и Атанасовски беа стрелци на четири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top