| четврток, 6 декември 2018 |

Апасиев со виц за Сталин ја коментира Канческа-Милевска

Професорот Димитар Апасиев во свој стил ги коментира настаните од последните неколку дена.

„Кога гледам како бившата Министерката за кич, а сегашна уценета хероина на шарените, ‘ПРИЗНАВА’ пред јавноста како уствари она цело време да ти била за ЕУ и НАТО, одма ми текнуе за еден бољшевички виц од времето на Сталин.

Вицов иде вака… Шефот на советската тајна полиција, озлогласениот Берија, еднаш го прашал Сталин: – „Коба, абе го најде ли лулето шо го изгуби некни“?
Овој му вика: – „Да бе, го најдов. Ми паднало под креветот“.
И Берија му враќа: – „Како бе го најде!? Па тројца више ПРИЗНАА дека ти го украле“ ;)“ – пишува Апасиев, додавајќи дека „кој сфати, сфати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top