| четврток, 6 декември 2018 |

Деле Али потпиша нов договор со Тотенхем

Англискиот репрезентативец, Деле Али уште долго ќе го носи дресот на премиерлигашот Тотенхем.Клубот од Лондон информираше дека играчот за врска прифатил продолжување на соработката со клубот до 2024 година.

Али е дел од Тотенхем од 2015 година кога пристигна од МК Донс за 5 милиони фунти. Тој со своите игри за кратко време се наметна и сега е еден од најважните играчи на тимот.

– Големо благодарам до сите во клубот-претседателот, менаџерот, сите соиграчи и фановите за константната поддршка. Ми се допаѓа мојот престој во Спарс и возбуден сум да видам што носи иднината, истакна Али кој досега има одиграно 158 натпревари и постигнато 48 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top