| четврток, 6 декември 2018 |

Николоски: Можат 10 пати да го сменат името, се додека не почнат да работат тука нема да се живее подобро

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце појасни дека владата и 10 пати да го промени името, тоа нема да им донесе подобар живот на граѓаните, туку дека требада се зафати со работа.

– Многу зборуваат ништо не работат, ама од тоа зборување и неработење резултатите веќе се гледаат вели Николоски коментирајќи го неработењето на владата.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има силен предизвик кога ќе победи на следните парламентарни избори да ги поправи сите овие состојби во државата предизвикани од СДСМ.

– Можат 10 пати да го сменат името, се додека не почнат да работат тука нема да се живее подобро, полошо ќе се живе и од ова лошо кое што е во моментот, вели Николоски.

Запрашан, дури и да влеземе во ЕУ и НАТО, дали и тогаш не би се подобрил животот тука, тој кажа дека животот во Република Македонија ќе оди надолу. Ова го поткрепи со тоа дека сегашната влада не е способна да го потроши Буџетот која сама го собира. Николовски вели дека за 9 месеци владата има реализација на бедни 23% капитални инвестиции.

– Сите што не гледаат денес, нека се завртат околу себе и нека видат во овие 2 години дали е направено нешто од оваа влада во нивното маало, село или нивниот град, вели Николоски.

Тој со жалење ја констатираше лошата состојба во која се наоѓа Република Македонија поради неработењето на владата предводена од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top