| четврток, 6 декември 2018 |

Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева вели дека нема македонски учебник по историја за кој бугарската страна од комисијата за ревизија на историјата нема забелешка. Имено таа вели од првите учебници кои тие ги добиле од македонска страна веќе имаат 30-страници полни со забелешки, поради тоа што македонската историографија наводно работела на исркивување на историјата и притисок на врз како што вели Македонците со бугарско самосознание во државата.

-Комисијата работи доста интензивно секој месец за да престанат искривувањето на историјата и притисокот врз луѓето со бугарско самосознание во Македонија. Не оди лесно работата на комисијата. Треба да се направи преглед на сите учебници. Од првите учебници по историја што ги добивме, нашата комисија дала над 30 страници забелешки само за еден од нив! Речиси нема учебник за кој немаме забелешки. Има нешта што исклучително многу нè дразнат и нас, и Грција: дека Македонија е поголема, дека тие и ние сме ја окупирале, дека сме окупатори, дека прабугарите биле грабачи. Такви нешта што, очигледно, се тенденциозни и со цел, како да кажам, за оцрнување на Бугарија како сосед – изјави потпретседателката на бугарската Влада во интервју за комерцијалната телевизија БТВ.

-Бугарија нема да се откаже од своето средновековие заради Македонија. Нашите научници имаат доста забелешки токму за средновековната историја во учебницит- додаде Захариева.

-Историјата треба да ни биде учителка, а не затвор. Треба да го учиме нашето младо поколение за историјата таква каква што е. Ако ја искривуваме, никогаш нема да можеме да се поучиме од грешките. Тие луѓе еден ден ќе станат политичари, министри, државни службеници. Ако тие се учат на апсолутно искривена историја, на историја што не се случила, нема како тие да бидат достојни раководители, лекари, научници- смета шефицата на бугарската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top