| четврток, 6 декември 2018 |

Стапица и заканувачко писмо: Напад на брзиот воз Нирнберг – Минхен

Поради написот на арапски јазик , оставен во близина на нападот , се ангажирани единиците за борба против тероризам. Според информациите на весникот Билд, кој се повикува на извори од истрагата, преку шините било положено челично јаже, поврзано со метални и дрвени тегови.

Машиновозачот забележал сомнителни звуци, но штетата на локомотивата, која достигнува брзина и од 300 километри на час ја забележал дури по пристигнувањето во Минхен.

Експерти за железница во моментов вршат процена на настанатата штета. Заканувачкото писмо содржи општа закана и не се однесува на никого посебно.

Во близина на нападот биле најдени и графити напишани на арапски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top