| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 43-годишен мотоциклист откако удри во автобус

Мотоциклист загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Велес-Штип кај селото Лозово.

Според полициските информации несреќата се случила при судир на автобус на „Струмица Ексапрес“ и мотоциклот, кој го управувал 43-годишниот Зоранчо Ј. Од Лозово.

Повредениот мотоциклист починал на пат кон болница. Полицискиот увид треба да ги утврди причините за тешката сообраќајна несреќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top