| четврток, 6 декември 2018 |

Се откажува ли Меркел од лидерската позиција на христијанско демократската партија

Ангела Меркел, германската канцеларка, нема да се кандидира за лидер на христијанско демократската партија (ЦДУ) на партискиот конгрес закажан за декември годинава. Германски Шпигел објави дека Меркел ваквата информација уја објавила денеска на утринската средба со партискиот штаб.

Наспроти размислувањата на Канцеларката местото да го препушти на друг кандидат е нејузината изјава од февруари минатата година кога посочи: „за мене две канцеларии значат обезбедување стабилност на владата“. Сепак, како што коментира медиумот, после разочарувачките изборни резултати, особено вчера во Хесен, каде ЦДУ изгуби десет проценти, таа нема друг избор.

Прашањето е дали за неа ќе значи дека ќе поднесе оставка и на местото канцелар, зашто тие две функции долго време ги извршува паралелно. Со ова Шпигел практично го отвора прашањето и за нов канцелар, но Билд е убеден дека таа ќе остане на таа функција.

Како најсериозен наследник на лидерската функција во ЦДУ се споменува генералната секретарка на партијата, Анегрет Крамп-Каренабауер, која ја промовира лично Меркел, како и министерот за здравство, Јенс Спан и премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Армин Ласет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top