Рибарски приказни или повторно некој пуштил неавтохтона риба во Охридско Езеро ? ! Рибари во близина на струшкото село Радожда уловиле досега непознат вид на риба, кој најверојатно не е автохтон за Охридско Езеро.
Како што тврдат рибите кои се на фотографиите не живеат во Охридско Езеро, и покрај тоа што со години ловат риби, ваков вид риба прв пат виделе во нивните мрежи.
СЕ ПЛАШАТ ДА ПРИЈАВАТ
Рибарите кои ги уловиле овие риби не пријавиле и не известиле никој од научните институции бидејќи уловот го направиле противправно, па збунети од уловот , но и притиснати од можноста некој да бара одговорност, тие не пријавиле никаде.
извор: Охрид1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.