| четврток, 6 декември 2018 |

Мобилни телефони користат 1,98 милиони жители

Во првите три месеци од годинава во мобилната телефонија се регистрирани 1.988.376 активни претплатници, за 1,78 проценти помалку споредено со истиот период лани.

Претплатниците просечно иницирале 101,60 повици месечно, а во просек зборувале по 221,54 минути, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации.
Фиксна телефонија во првиот квартал годинава користеле 366.436 или за 1,20 проценти повеќе во однос на првиот квартал лани.

Целокупниот обем на сообраќај во фиксната телефонија во првиот квартал од 2018 година во однос на истиот од претходната година бележи опаѓање за 4,89 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2017 година раст од 9,95 проценти.

Во оваа телефонија месечно во просек имало 18 повици, а претплатниците просечно зборувале 47,38 минути.
Зголемување од 1,96 проценти има и кај вкупниот број претплатници на ТВ услуги, односно за таква услуга биле претплатени 397.402.

Услуги врзани во пакет користеле 347.526 претплатници, или за 5,39 проценти повеќе споредено со првиот квартал лани.

Како што информираат од АЕК, во Македонија во првиот квартал годинава пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) имале 1.275.168 претплатници, или за 0,70 проценти повеќе во однос на последниот квартал лани, а за 12,38 проценти споредено со првиот квартал од 2017 година.
Како што покажуваат податоците на , пазарниот удел на оне.ВИП оператор во вкупниот број корисници на интернет преку мобилна мрежа во првиот квартал годинава изнесува 52,05 проценти, Македонски Телеком учествува со пазарен удел од 46,38 проценти, додека Лајкамобајл има пазарен удел од 1,57 проценти.

Според Извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации на АЕК, во првите три месеци од годинава бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег изнесувал 399.575 претплатници односно за 0,83 проценти повеќе во однос на четвртиот квартал од 2017 година, а за 5,02 проценти споредено со првиот квартал лани.

Во првото тримесечие пристап на интернет преку оптичка мрежа имале 42.196 претплатници, односно за 88,77 проценти споредено со истиот период минатата година.

Од 94 нотифицирани субјекти во евиденцијата на АЕК, 92 обезбедувале услуги за пренос на податоци во првиот квартал од 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top