| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан Холанѓанец ги вознемирувал купувачите на пазарот во Струга

Вчера околу 10 часот во Полициската станица Струга бил приведен Ф.О.О. (39) од Холандија поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.

Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top