| четврток, 6 декември 2018 |

Шест гола во мрежата на домаќинот – Леверкузен го прегази Вердер Бремен

Вердер Бремен беше прегазен од Баер Леверкузен на домешен терен со убедливи 2-6 во последниот и најефикасниот меч на 9.коло во Бундеслигата.

Кевин Воланд, Џулијан Бранд и Карим Белараби погодија за водство од 3-0 на „фармацевтите“ по првото полувреме. Ветеранот Клаудио Пизаро и Јуја Осако го вратија Вердер во игра, но младиот Каи Хаверц ги сруши сите надежи со четвртиот гол за гостите од Леверкузен.

Александар Драговиќ погоди за 2-5, а точка на натпреварот стави повторно Хаверц за голема победа и бегство од дното на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top