| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го декласираше Реал Maдрид: Во отсуство на Меси и Роналдо, славата ја украде Суарез

Фудбалерите на Барселона со убедливи 5-1 на домашен терен го совладаа Реал Мадрид во најголемото шпанско дерби. Популарното „Ел класико” овојпат се играше без фудбалските ѕвезди на двата клуба Лионел Меси, кој е повреден, и Кристијано Роналдо, кој од мадридскиот клуб летово замина во Јувентус.

Гостите уште во почетокот на натпреварот покажаа слабост во играта и Фелипе Кутињо во 11-та минута донесе водство за Барселона. Во 30-та минута со помош на ВАР – системот беше досуден пенал за домаќините, а го реализираше Луис Суарез за 2-0.

Во почетокот на вториот дел Марсело намали на 2-1, но фудбалерите на Барселона не дозволија изненадување и Суарез постигна уште два гола комплетирајќи хет – трик, а во самиот финиш и Артуро Видал се запиша меѓу стрелците за конечни 5-1.

На ова 177 „Ел класико” за првпат беше употребен и ВАР – системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top