| четврток, 6 декември 2018 |

Шмајхел се држел за глава и плачел над остатоците од срушениот хеликоптер

На стадионот „Кинг Пауер“ во време кога падна хеликоптерот на сопственикот на клубот бил само голманот Каспер Шмајхел.

Лестер одигра 1:1 со Вест Хем, а Шмајхел бил единствениот фудбалер на стадионот за време на несреќата. Сведоци тврдат дека во моментот на експлозијата тој излегол од стадионот и трчал кон местото на кое хеликоптерот паднал. Меѓутоа, предоцна било за да помогне на било кого. Шмајхел немоќно стоел покрај остатоците од хеликоптерот кои се уште биле во пламен, се држел за глава и плачел.

Компанијата „Кинг Пауер“, чиј сопственик беше Вичај Шриваданапраба, потврди дека тајландскиот милијардер бил во хеликоптерот за време на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top