| четврток, 6 декември 2018 |

Жена од Куманово физички нападната од сопругот со кого се разведува

Ноќва, во 02:40 часот во Полициската станица во Куманово, Д.И.Д. (32) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 02:30 часот во Куманово додека одела пеш по ул.„Перо Чичо“, пред Гимназија „Гоце Делчев“, била физички нападната.

Таа била нападната од нејзиниот сопруг Н.Д., со кого биле во бракоразводна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top