| четврток, 6 декември 2018 |

„Сан“ објави дека во хеликоптерот бил сопственикот на Лестер, други медиуми пишуваат и за неговата ќерка

Вечерва голема трагедија го погоди Лестер, откако хеликоптерот на претседателот на клубот се урна во близината на стадионот, а сè уште нема официјална потврда кој бил во него,

Сепак, во последните минути се појавија многу шпекулации, а едни од нив се на еден новинар на англиски „Сан“, Максвел Џексон.

„Сопственикот на Лестер, спортскиот директор и пилотот се прогласени за мртви, а причините се изгореници од трет степен. Во овие моменти се известени семејствата на починатите. Тажен ден за фудбалот“, напиша новинарот.

Други медиуми пак објавија дека со сопственикот на англискиот премиерлигаш Лестер, била и неговата ќерка и со двајца пилотиСпоред нив многу веројатно е дека не се преживеани, иако засега се уште нема официјални информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top