Основното јавно обвинителство од Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години (од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик), соопшто вечерва ОЈО.
Во образложението се наведува дека освен осомничените, во кривичното дело учествувале и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација.
Од ОЈО велат дека детето, на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица.
-До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени. Според првичните информации постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица, се вели во соопштението.
Во моментов согласно на издадена наредба на надлежниот јавен обвинител се вршат бројни вештачења, преку кои ќе бидат обезбедени докази и ќе се добијат насоки за утврдување на фактите во кривично правниот настан.
Детето по Наредба на обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи.
-Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во член 170 од Законот за кривична постапка, а особено земајќи ја во предвид видот и висината на запретената кривична санкција – казна затвор од најмалку 12 години за ова кривично дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар за определување на краткотраен притвор за трите лица, истакнуваат од ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст