| четврток, 6 декември 2018 |

Oва се 10-те тешки повреди со кои се бори Дарко

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи во вторникот наутро, српскиот пејач Дарко Лазиќ претпре тешки животозагрозувачки повреди. Во четвртокот е опериран и поради обилно крварење му е извадена слезината. Иако се чувствува подобро, тој се уште е во вештачка кома.

При превртување пејачот се здобил со тешки повреди:

-потрес на мозокот

-повредена кичма

-хематом на лев бубрег

-згмечени белодробно крило

-пробиена дишна марамица

-скршени ребра

-скршена бутна коска

-повеќекратно скршени нозе

-фрактура на карличната коска

-извадена слезина

Дарко Лазиќ е победникот на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во 2009 година. Рано утрото овој вторник, кај местото Брестач во близина на Печинац, Лазиќ управувал возило BMW, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина од 150 км/ч и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top