| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул рутински против Кардиф, Фулам очаен на „Кревен Котиџ“

Тимот на Ливерпул издвојува очекуван триумф и со 4-1 го совлада Кардиф на домашен терен, со што повторно  го освои врвот на табелата со меч повеќе од актуелниот првак Манчестер сити. Мохамед Салах, Саидо Мане со два гола и Џердан Шаќири погодија во мрежата на Кардиф за да запишат нов лесен и убедлив триумф, кој во последните пет минути со два гола, избраниците на Јирген Клоп го заверија.

Столчето пак на Славиша Јокановиќ во Фулам и на Рафаел Бенитез во Њукасл сериозно се ниша и нема да биде изненадување ако уште вечерва добијат отказ од работните позиции. Фулам загуби со 0-3 од Бормут, а Њукасл ремизираше без голови кај Саутемптон, со што овие два тима остануваат на самото дно, меѓу трите најслаби екипи во досегашниот дел од сезоната.

Во другите денешни мечеви Брајтон со 1-0 славеше над Вулверхемптон, а Вотфорд со 3-0 го прегази Хадерсфилд, кој е последен, само поради полошата гол-разлика од Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top