| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава пресметка во скопски маркет: Момче од Скопје го удириле во главата, тој напаѓачот го пробол со нож

Синоќа околу 21 часот било пријавено дека на ул. „Радован Ковачевиќ“ на вториот спрат во маркет, Х .Р (16) од Сингелиќ, бил нападнат од непознати лица, меѓу кои бил и С.С. (19) од Скопје.

Пријавителот, според негово кажување, од страна на непознато лице бил удрен во пределот на главата, по што извадил нож и го прободел С.С. во ногата. Од страна на доктор од Градска општа болница „Наум Охридски“ кај С.С. констатирани е повреда на левата нога и истиот е пуштен на домашно лекување, додека Х.Р е пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top