| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓаволот дојде по своето или кој што сеел тоа ќе жнее

Пишува: Јордан Петровски

jordan petrovskiДали сте се запрашале другар Божине зошто не сте го слушнале Господа кога се обидел да ви го просветли умот 1991 година или пак 1996 година, година кога Советот на Европа ја донесе првата Резолуција за осуда на комунизмот. До 1996 година, сте одживеале во демократска држава 8 години, доволно време да се почувствува вистинската демократија, но следејки ви ги написиве последниве денови гледам дека вие 1988 година сте “излегле” од едноумието ама едноумието другар Божине ни денеска не излегло од вас.

Ако навистина како што велите дека спаѓате меѓу уметниците и културните дејци што ја одиграа историската улога во забрзаната македонска еманципација зошто не кренавте глас во битката за демократизирање на Македонија, во битката за расчистувања со злосторите на едноумниот комунистички режим. Вашето јавување денеска зборува каква била вашата “забрзна македонската еманципација”, еманципација која уништувала животи заради комунистичка идеологија.

Зошто другар Божине како “ЕМАНЦИПИРАЧ” не напишавте збор за голготите на оние кои не беа идеолошки соистомисленици на системот, на партијата на власт, оние кои младоста ја проведоа во Идризово, оние кои цел живот беа следени, оние кој УДБа не им дозволуваше да се вработат додека не прифатат да станат соработници, оние кои ги кодошеле соработниците на УДБа и благодарејки на тие кодошења соработниците ги уживаа благодетите на власта…

Ајде што другар Божине не сте го слушнале Господа 1991, 1996 година, ама зар не го слушнавте Ѓаволот кога почна да се подготвува законот за лустрација, закон за лустрација кој ке биде само можност за пресметка внатре во едноумниот комунистички систем. И тогаш другар Божине одмолчавте, мислевте ке ве одмине вас.
Не кренавте глас во МАНУ ниту вие ниту некој друг а МАНУ требаше да биде вистинско место за ЕМАНЦИПАЦИЈА на Македонците и Македонија. Не кренавте глас кој ке инсистираше МАНУ да застане во одбрана на демкратијата на правото на жртвите и на потенцијалните злосторници за докажување на обвиненијата и одбраните пред суд а тоа другар Божине го нуди Резолуцијата 1096 на советот на Европа.

За крај другар Божине: ЃАВОЛОТ СИ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО ИЛИ КОЈ ШТО СЕЕЛ ТОА КЕ ЖНЕЕ !!!

 

Авторот е наш емигрант во Канада кој тврди дека е политички азилант, жртва на тајните служби на Македонија во 90-тите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top