Петнаесетгодишна тинејџерка од Франција починала откако ајкула ја прегризала на пола на само пет метри од брегот на островот Рејунион, во близина на Мадагаскар. Нејзината сестра била сведок на грозната смрт на тинејџерката.
– Нејзиното тело беше прегризено во пределот на стомакот, а еден дел ајкулата однесе со себе – изјавила Џина Орау, шеф на службата за јавна безбедност на островот. Девојката, според Орау, се капела областа во којашто не е дозволено капење.
– Акцијата за пронаоѓање на горниот дел од телото е во тек – изјавила таа.
Девојката била на одмор со својот татко.
– Двете сестри носеа маски за нуркање и се капеа пред самиот ресторан на заливот. Ова е прв пат по многу години, ајкула да нападне пливач во близина на брег – изјавил градоначалникот на местото, додавајќи дека имало и неколку случаеви ајкулите да
нападнат сурфери далеку од брегот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


