| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење вчера на Табановце: Со фалц пасош сакал да излезе од државава, на својот залепил делови од друг

Синоќа околу 21 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р. Македонија со автобус допатувал Н.С.(33) од Церјан-Албанија, државјанин на Албанија. По извршена пасошка контрола констатирано било дека патната исправа на лицето е фалсификувана, односно на две страници е прелепуван дел од друга патна исправа со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европска Унија.

Лицето е приведено и предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top