Се зголемува бројот на кривичните пријави за лицата кои на социјалните мрежи им се закануваат на пратениците. Двесет и седум годишен Охриѓанец доби кривиична пријава затоа што на својот фејсбук профил објавил закани по живот за пратеникот Сашо Василевски кој е меѓу осумината пратеници од опозицијата кој гласаа за уставните измени. Од министерството за внатрешни работи информираат дека охриѓанецот е повикан во полициска станица каде што појаснил дека објавата ја направил од неговиот мобилен телефон,кој е одземен за понатамошно вештачење.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност . Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи“ – МВР
Меѓу четирите лицата кои што добија кривични пријави е и 38 годишен маж од скопско Коњаре кое под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста на пратениците и ширење на расистички и ксенофобични материјали. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика деновиве поднесе кривична пријава и против новинарот Миленко Неделковски кој со неговите коментари на социјалниоте мрежи иницирал загрозување на безбедноста на претседателот на Владата Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст