| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање во МСУ на Лиза Нојберг „Телото како вселенски брод“

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20 часот во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје предавање насловено „Телото како вселенски брод“ ќе одржи Лиза Нојберг, уметничка од Малме, Шведска, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики.

„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување.“

Нашиот водич на ова патување е Лиза Нојберг, уметничка од Малме, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.
Од 2014 година Нојберг е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовни уметности во Виена, со истражувачки проект кој има за цел да артикулира уметничка методологија поставена во границите помеѓу перформансот и педагогијата.
Таа, исто така, редовно предава во уметничките училишта и академии во нордиските земји меѓу кои се вбројуваат The Danish National School of Performing Arts, Konstfack, Valand Art Academy, Malmö University и други. Во моментов е водечки професор и координатор на Malmö Konstverkstad, а повремено работи како лице за развој на проекти во Folkrörelsernas Konstfrämjande.
Своите дела ги изложувала во Konsthall C, Trondheim Art Biennial, Signal – Center for Contemporary Art, Röda Sten, Den Frie Udstillingsbygning, Dunkers Kulturhus, Liljevalchs Konsthall, Gothenburg Art Museum, Rooseum. Таа е добитничка на Едногодишен работен грант доделен од страна на Swedish Arts Grants Committee, студио за работа од IASPIS во Стокхолм, како и грантот за уметнички развој од Malmö City Grant.

Предавањето на Најберг ќе се одржи во петок, 26ти ноември, со почеток во 20:00 часот во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје. Влезот е слободен за сите посетители.
Гостувањето на Нојберг е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.
Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. Повеќе информации за програмата дистапна на: www.presstoexit.org.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top