| четврток, 6 декември 2018 |

Најгрдиот фустан е најгрд и кога го носи Кејт Мидлтон (ФOTO)

Војвотката од Кембриџ на државен банкет одржан синоќа во Бакингемската палата покажа дека иако ретко прави модни грешки, кога ќе ги направи, печат очи.

По повеќемесечна пауза по породувањето, Кејт им се врати на кралскитедолжности, па вчера, како прв равботен ден, требаше да блеска, на гала-свеченост на која присуствуваше британскиот интелектуален крем, Арно ама, војвотката за оваа пригода се одлучила да ја носи тијарата на Лејди Ди, но и грда сина тоалета од креп-хартија.

Можеби најгрдата тоалета во историјата е „ремек-дело“ на Александер Меквин, и е изработена специјално за оваа пригода.

Кејт изгледа како пред неколку години да облекла убава сина тоалета, и веќе не ја соблекла. Медиумите од Островот одат дотаму во пластичноста на описот дека Кејт не само што не ја слекла неколку години, ами и спиела и вежбала со неа за да го добие изгледот што го имала вчера.

Очигледно идејата била да биде истуткан фустанот, но тоа е толку невешто зиведено, што целата креација делува само евтино и грдо. И недостојно за војвотка.

Згора на тоа Кејт носи толку накит што делува како бугарска пејачка, а не на издната кралица на Велика Британија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top