| четврток, 6 декември 2018 |

Ги празнеле касите: Двајца шалтерски работници од Македонска пошта заработија кривични

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г. (52) од село Цапари, битoлско и В.С. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во сужбата“.

Минатиот месец првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари.

Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола, на 03.09.2018 година неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top