| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Останувам отворен за инклузивност на опозицијата во делот на сугестии за уставните амандмани

Останувам отворен за инклузивност на опозицијата во делот на сугестии за зајакнување на идентитетот, гаранцијата на определбата и гласањето во Грција, нашата интеграција во ЕУ, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе ги достават уставните амандмани што ги изготвуваат до Собранието.
Тој најави дека денеска ќе има консултации со сите пратенички групи.
– Сакам да направам почетна консултативна средба, значи формализацијата како што е пропишана. Владата усвојува нацрт-амандмани, ги доставува до Парламентот, но пред дебатата јас ветив дека заедно ќе седнеме во Парламентот и ќе ги изработиме самите амандмани. Ако утре се подготвени пратениците, утре ќе го направиме тоа, иако седницата за пратенички прашања е одложена за 31 октомври. Па утре е убав момент тоа да го направиме, ако не во петок, може викендов, можам следната недела. Убаво е порано да седнеме, лесно е да се направи тоа, заради тоа што веќе ги дебатиравме и насоките каде ќе се движат амандманите, нагласи премиерот при посетата на археолошкиот локалитет Стоби.
Како и другите аспекти коишто ни беа важни, додаде Заев, еве денска, утре, задутре, ќе почнат првите консултации околу ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top