Реал Мадрид вчера ја прекина серијата од пет натпревари без победа и славеше над Плзен со 2-1 во Лигата на шампионите. Бензема и Марсело стрелаа за „кралевите“, за победа која треба да придонесе за подобрување на атмосферата и самодовербата на екипата.
Во таборот на Реал се задоволни што е направен исчекор и што се освоени трите бода, но и самите играчи се свесни дека ова не е најдоброто од нив и бараат максимална поддршка во овие тешки времиња.
– Резултатот треба да ни даде самодоверба. Знаеме дека не минуваме низ добар период, ама освоиме три важни бода. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не играме добро. Ама потребна е доверба во овие играчи и тренерот. Не е добра серијата, но мора да работиме и да ја надминеме ситуацијата, истакнал Касемиро кој се надева дека ќе бидат во можност да ги освојат трите бода во неделното дерби против Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст