| четврток, 6 декември 2018 |

Масло од рузмарин, домашен лек против целулит кој дава ефект

Целулитот особено оној кој се наоѓа на задникот, стомакот, колковите и бутовите – знае да биде грозен и фрустрирачки за секоја жена. На пазарот постојат многу анти-целулитни препарати кои успешно се борат против кожата налик на портокал, но тие не само што се секогаш скапи, туку најголемиот дел од нив се состојат од есенцијални масла од разни тревки.

Затоа ние ви го предложуваме маслото од рузмарин како домашен лек против непријателот број 1 за жените- целулитот.

Есенцијалното масло од рузмарин, кој можете да го купите по речиси сите аптеки е диуретик кој помага во исфрлање на вишокот на вода во телото. Познато е дека ја зголемува циркулацијата на крвта и го забрзува метаболизмот.

Бидејќи целулитот е резултат на насобрани масти и течности заробени во кожата, нивното исфрлање е најважно.
За најдобри резултати, пред масирање најпрвин малку загрејте го маслото, бидејќи топлината ги отвара порите, па активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата. Потоа со кружни движења масирајте ги деловите зафатени со целулит барем еднаш во денот.

Старите Грци оваа билка ја посветиле на божицата Афродита. Унгарската кралица Елизабета ја користела за подмладување, а денес не знаејќи ги нејзините лековити својства најчесто се користи како декорација за свадби. Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.

Рузмаринот помага кај слабокрвноста, особено кај децата, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, нè смирува и го победува стравот. Исто така, ги намалува менструалните болки и го регулира нередовниот циклус. Чајот и облогите од рузмарин ја смируваат главоболката која се јавила поради стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top