Вечно ќе патам за пропуштениот момент. Ќе ме мачи тоа што вие кои не изневеривте, не ми дадовте шанса да го поразам Заев, не ни дадовте шанса! Зошто ни ја одземавте можноста да го победиме на избори, и тоа кога беше готов?!
Но, стојам овде, ве гледам и ви порачувам: Нема очајување! – изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборувајќи за оние кои одлучија да вршат притисок и оние кои паднаа под притисок за во Собранието да гласаат ЗА уставните измени кои че донесат до промена на уставното име на Република Македонија.
Тој додаде:
Сега ни избега со помош на предавството на нашите браќа и сестри, но нема да може вечно да бега.
Кога тогаш ќе се соочиме, и заедно со народот ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас новите негови другари и коалициони соработници.Погледнете во историјата, видете дека така ќе биде. Ме потценивте! Не потценивте. Затоа ќе ве победиме, и тоа на купче сите заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст