Ме изневеривте! Ја изневеривте ВМРО-ДПМНЕ! Ја изневеривте вашата татковина Република Македонија! Ја изневеривте Македонија која ви ги даде сите животни удобства! Го изневеривте секој член кој макотрпно работел за вие да стекнете слава и успех. Го повредивте Македонецот. Зарем не ви е непријатно да Ве бранат оние кои до вчера ве напаѓаа? Зарем е чесно да имате исти говори, исти зборови, напади како оние на СДСМ. На Бихаќка ли Ви ги пишуваат говорите? Зарем не ви е срам дури и да прославувате во вечерта кога Македонија и Македонецот плачеше!
Како чекорите кога Ве чуваат оние кои до вчера Ве апсеа неосновано и нечовечки ве малтретираа? Цел живот ќе ме мачи ова прашање – зошто не издржавте? А малку фалеше. Само малку фалеше! Да одговоревте на задачата, да не свиткате кичма, Заев беше готов! Вие само за малку политичката кариера на Заев на сметка на Македонија. Влеговте во неговиот ол ин план, со кој срамно тргува со илјадници македонски души. А да издржевте ќе одевме на избори! И ќе го победевме злото! Ќе го победевме Заев! Па нели сфативте дека беше готов. Дека бегаше од избори како ѓавол од крст. Тој е слаб и слаб ќе остане, а инјекција кратко ќе му трае. Ќе одевме на избори на кои ВМРО-ДПМНЕ, заедно со народот убедливо ќе победеше. Ќе ја ослободевме државата од коалиција Заев – Шеќеринска – Вице и Анѓушев.
Ќе ви гарантиравме независно судство, и така ќе можевте да ја добиете правдата. Кој се огрешил со финансиски криминал и за кој ќе имаше докази, во една независна и ослободена од политички притиок постапка, ќе одговараше. Кој ќе приложеше докази дека е невин ќе ја добиеше правдата. Како што во еден случај во независно судство гонетите од 27 ќе добиеја слобода и правда – вака лидерот на Христијан Мицкоски им се обрати на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот, спротивно на партиската одлука, гласаа за уставни измени кои ќе донесат до промена на уставното име на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст