| четврток, 6 декември 2018 |

В.М.Р.О постоело и кога не постоела Македонија затоа што оваа организација е пред сѐ народот

Ова наше македонско “верују” беше официјализирано пред точно 125 години на 23 октомври во Солун во куќата на Христо Батанџиев преку формирањето на Македонската револуционерна организација која е најсилното движење на Македонците за ослободување и најсветлиот чувар на огнот за македонска држава, во која свој белег дадоа генерции и генерации храбри луѓе и кои со своето делување помогнаа за она што го имаме денес – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обраќајќи се пред присутните во МНТ каде  денеска се одбележува 23 октомври. Денот на револуционерната борба.

Тој додаде:

И оние кои денес сакаат на сила да не оквалификуваат нас, кои како партија сме наследници на тоа движење, за антизападно ориентирани, ќе ги упатам нека погледнат најдобро во корените и во нашата историја. Организацијата во својата суштина е формирана со цврста верба кон западно ориентирните сили и вредности, и додека во регионот имале такви кои барале царства, монархии, ВМРО барала република, напишала статут и Устав по моделот на САД, затоа што оваа организација била формирана од напредни припадници на македонската граѓанско движење. Од докторот Христо Татарчев, кој се школувал во Берлин и Цирих, од книжевникот и трговец Иван Хаџи Николов, кој се школувал во Австрија, од учителот Христо Батанџиев, од публицистот Петар Поп Арсов, Дамјан Груев кој се школувал во Солун Белград и Софија“ и Андон Димитров, кој се школувал право и правни науки во Цариград и во Лиеж Белгија.

Токму овие луѓе го започнале најмаркантиот дел од македонската историја низ која минале огромен број личности сите со своја улога, големина и значење, со многу подеми и падови, ВМРО низ кои се изродиле водачи и оставиле трага, луѓе како Гоце Делчев, Карев, Сандански, Пере Тошев, Чакаларов, Ѓорче Петров, Александров, и многу други.
ВМРО е секој македонец и тоа не е екслузивно право на одредени луѓе, тоа му припаѓа простум на секој родољуб кој ја сака и почитува својата земја, бидејќи В.М.Р.О постоело и кога не постоела Македонија затоа што оваа организација е пред се народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top