| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Калиниќ: „Моите родители снаата ја сакаат повеќе од синот“

Популарниот актер и водител Милан Калиниќ за време на гостувањето во една ТВ-емисија првпат јавно зборуваше за својата сопруга Сандра Калиниќ, со која е долги години во брак и има две деца.

Во почеток, кога Сандра и јас се плеткавме, не можев да знам каков човек е. Сега, по многу години, среќен сум што покрај себе имам вистински пријател, одлична мајка на своите деца… Посебно ме изненадува нејзиниот однос со моите родители. Имам чувство дека мојата мајка во моментов повеќе ја сака Сандра отколку мене. Од друга страна, и јас одлично се согласувам со нејзиното семејство. А тоа е навистина многу важно за да може бракот да биде успешен“, ја откри Милан тајната на својот успешен брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top