| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден работник на патот Гостивар-Маврово

Вчера околу 10,45 часот на каменоломот покрај магистралниот пат Гостивар-Маврово, вработениот В.П. (39) од Гостивар при качување на работна машина „валјак“ во камион, во еден момент работната машина се навалила при што истиот паднал и се здобил со фрактура на пршлен.

В.П. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top