| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ бара осумте пратеници кои го изневерија народот да ги вратат своите мандати

ЦК побара 8-те пратеници коишто мандатот го добија затоа што беа на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и програмата заради која што се избрани, веднаш да поднесат оставки на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на партискиот Централен комитет.

Тој додаде:
Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството. ЦК го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ, како што најави Николовски ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top